Социолошка ревија

item thumbnail

Упатство за доставување на труд

Submission guidelines

Општи насоки: Социолошка ревијата објавува оригинални научни трудови, критички анализи и мислења, осврти, рецензии, преводи и информации. Социолошка ревија не прифаќа трудови кои претходно биле објавени или поднесени за објавување (во целост или делумно) во друга публикација (освен преводите). Тематски, Ревијата е отворена кон емпириски, теориски и критички ориентирани прилози од сите полиња на интерес на социолозите.

Должина на прилозите: оригинални и истражувачки трудови до еден авторски табак (16 стр., до 5500 зборови), критики, осврти и рецензии до четири страни (1400 зборови), информации, до една страна (350 зборови).

Инструкции за авторите: авторите ги доставуваат трудовите преку електронска пошта, во Микрософт Ворд формат, Times New Roman, со фонт 12 и со 1,5 проред. Трудовите треба да содржат: наслов на трудот, име на авторот(ите), институционална поврзаност, резиме (не повеќе од 250 зборови) и клучни зборови (до 5), поднаслови и упатна литература.

Јазик: Трудовите се објавуваат на англиски и/или на македонски јазик. Авторите ги поднесуваат трудовите на својот мајчин јазик и во превод на англиски. Трудовите поднесени и на македонски јазик се објавуваат и на македонски јазик. Главниот уредник може да одлучи труд поднесен на странски јазик да биде преведен и објавен и на македонски јазик.

Упатувања: Авторите се повикуваат да го користат харвардскиот системот за упатување (референцирање): во текстот, во заграда, се наведува името на авторот, годината на публикација и, при цитирање, бројот на страницата (пр. Jones, 2016: 3), а целосната референца во листата на упатна литература на крајот од трудот (со соодветно упатување, зависно од тоа дали референцата е книга, глава од книга, или статија во списание).

Резензија: Објавувањето на трудовите поднесени до Социолошка ревија претпоставува најмалку една позитивна рецензија (анонимна колегијална рецензија). За таа цел редакцијата ги испраќа пристигнатите трудови до избраните рецензенти без откривање на идентитетот на авторот. Рецензентите може да препорачаат објавување на трудот, објавување условено со минимални прецизирања, објавување условено со значителна доработка, одбивање. Во случај на разидување меѓу рецензентите конечната одлука ја донесува главниот уредник.

General guidelines: The Sociological Review publishes original scientific papers, critical analyses and opinions, reviews, translations and information. The review does not accept papers that have been previously published or submitted for publication (in whole or in part) in another publication (other than translations). Thematically, the Review is open to empirically, theoretically and critically oriented contributions from all fields of interest to sociologists.

Length of attachments: original research papers up to one author's tab (16 pages, up to 5500 words), reviews, and commentaries up to four pages (1400 words), information, up to one page (350 words).

Instructions for Authors: Authors submit papers electronically, in Microsoft Word format, Times New Roman, with font 12 and 1.5 spacing. The papers should include: title of the work, name of the author (s), institutional connection, summary (not more than 250 words) and keywords (up to 5), subheadings and reference literature.


Language: Papers are published in English and/or Macedonian. The authors submit papers in their native language and English translation of it. Papers submitted in Macedonian are also published in Macedonian. The editor-in-chief may decide that a work submitted in a foreign language be translated and published in Macedonian.


References: Authors are encouraged to use the Harvard referral system: in the text, in parentheses, indicate the author's name, year of publication, and, when quoting, the page number (eg. Jones, 2016: 3), and the full reference in the list of reference literature at the end of the paper (with appropriate reference, depending on whether the reference is a book, a chapter of a book, or an article in a magazine).

Peer review process: The publication of papers submitted to The Sociological Review assumes at least one positive review (anonymous peer review). For that purpose, the editorial office sends the submitted works to selected reviewers without revealing the identity of the author. Reviewers may recommend publication of a paper, conditional a publication on minimal clarification, a conditional publication on significant completion, refusal. In case of disagreement between the reviewers, the final decision is made by the editor-in-chief.