Социолошка ревија е заедничко издание на Здружението на социолози на Република Македонија и на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет. Ревијата излегува до два пати годишно. Со одлука на Уредувачкиот одбор, зависно од приливот на прилози и финансиските ресурси, Ревијата може да излегува и како двоброј.
Mисијатa на Социолошка ревија е поддршка на развојот на социологијата преку претставување и промоција на професионалните постигања на социолозите од Републиката и од странство во сите области на социологијата – истражувања, настава и развој. Ревијата објавува оригинални научни трудови, критички анализи и мислења, информации. Тематски, Ревијата е отворена кон емпириски, теориски и критички ориентирани прилози од сите полиња на интерес на социолозите. Со одлука на Уредувачкиот одбор, Ревијата може да објавува тематски броеви.
|
The Sociological Review is а joint publication of the Association of Sociologists of the Republic of Macedonia and the Department of Sociology, Faculty of Philosophy, University of St. Cyril and Methodius, Skopje. It is published up to two times a year. By decision of the Editorial board, depending of the inflow of submissions and financial resources it can be published also as double issue.
The Mission of Социолошка ревија/ The Sociological Review is to support the development of sociology through presentation and promotion of professional achievements of sociologists from the Republic and from abroad in all the areas of sociology - research, teaching and development. The Sociological review publishes original scientific articles, critical analysis and opinions and information. Thematically The Sociological review is opened towards empirical, theoretical and critically oriented contributions in all fields of interests of sociologists. By decision of the Editorial board the The Sociological review can publish thematic issues.
|