Психологија: наука и практика

item thumbnail

Упатство за авторите

Instructions for authors

Во списанието „Психологија: наука и практика“ се објавуваат изворни научни трудови (соопштенија од оригинални емпириски истражувања), прегледни научни трудови (систематски прегледи, анализи, процени или толкувања на истражувачки наоди и теоретски сознанија од одделна област) и стручни прилози (прикази, критички анализи, осврти, соопштенија од конференции, извештаи од реализирани проекти, коментари и интервјуа). Трудовите што не се соодветно подготвени и што се претходно објавени или истовремено пријавени за објавување во друго списание нема да бидат разгледувани и рецензирани.

Трудовите треба да се напишани на македонски или на англиски јазик и се испраќаат преку електронска пошта на следнава адреса:
pssp@fzf.ukim.edu.mk.

Секој приложен труд треба да биде напишан во Word, во формат А-4, со фонт Times New Roman (12 точки), со македонска поддршка, со проред 1.5 ред, со маргини 2.54 cм (се однесува на сите маргини). Трудот треба да биде долг до еден авторски табак (околу 30.000 знаци, односно 16 страници, без кратка содржина, литература и прилози). Редните броеви на страниците треба да бидат внесени во долниот десен агол.

Трудот треба да има концизен и прецизен наслов кој се пишува на првата страница со болдирани букви на средина меѓу левата и десната маргина. Под насловот се пишува името и презимето на авторот (авторите) и институцијата во која работи. По презимето на авторот, односно презимето на првиот автор ако трудот има повеќе автори, се става фуснота која содржи e-mail адреса за контакт.

Насловот на трудот повторно се наведува на почетокот на втората страница, на која се пишува кратка содржина на трудот која треба да има од 100 до 250 збора, напишани во еден параграф, со двострано порамнување. Насловот Кратка содржина, исто така, се пишува со болдирани букви на средина меѓу левата и десната маргина. Преку еден ред по кратката содржина се наведуваат до пет клучни збора. Ако трудот е напишан на македонски јазик, на крајот од трудот се приложува превод на кратката содржина и на клучните зборови на англиски јазик. Ако трудот е напишан на англиски јазик, на крајот од трудот се приложува превод на кратката содржина и на клучните зборови на македонски јазик.

Основниот текст на трудот започнува на третата страница и треба да биде двострано порамнет, при што првата реченица на секој параграф се порамнува одлево со табулатор 1.27 см. Насловите на деловите на основниот текст се пишуваат со болдирани букви, во формат на реченица (со голема прва буква), на средина меѓу левата и десната маргина. Поднасловите се пишуваат во италик, со букви во нормална дебелина и во форма на реченица. Првите поднаслови започнуваат на левата маргина, додека поднасловите што се подредени на нив се порамнуваат одлево со табулатор 1.27 см (напишани во италик, во формат на реченица).

Доколку станува збор за основен текст на изворен научен труд, тој мора да биде структуриран според IMRAD-форматот, пропишан од страна на Американската психолошка асоцијација (APA), односно да ги содржи следниве делови: вовед, метод, резултати и дискусија.

При наведување автори во основниот текст се пишува презимето на авторот, а во заграда годината на објавувањето на трудот што е користен, на пример, Петровски (2003). Доколку станува збор за странски автор, презимето се пишува во македонска транскрипција, а потоа во заграда се наведува оригиналното презиме и годината на објавување на трудот или во оригинал, на пример, Стормс (Storms, 1992), односно Storms (1992). Одлуката за користење на оригинал или транскрипција се препушта на авторот на трудот, но изборот мора доследно да се применува во целиот труд. Кога се наведува труд напишан од двајца автори, се пишуваат презимињата и на двајцата, на пример, Петровски и Ивановски (2004), односно Стормс и Грејсон (Storms & Grayson, 1995) или Storms и Grayson (1995). Кога се наведува труд напишан од тројца до петмина автори, при првото наведување се пишуваат презимињата на сите автори, а во следните наведувања само презимето на првиот автор и кратенкатa „и сор.“, односно „et al.“, доколку станува збор за странски автори. Кога се наведува труд напишан од шестмина или повеќе автори, се пишува презимето на првиот автор и кратенката „и сор.“, односно „et al.“.

Резултатите од статистичките тестови во основниот текст се пишуваат на следниов начин: χ²(4,N=166) = 1.21, p < .05; t(235) = 3.14, p < .05; F(1,83) = 11.20, p < .01; z = 2.72, p < .01; r = .33, p < .01.

По основниот текст, на нова страница, се наведува литературата користена за подготовка на трудот. Насловот Литература се пишува со болдирани букви на средина меѓу левата и десната маргина. Во списокот на литературата се внесуваат само оние библиографски единици чии автори се наведени во трудот, по азбучен редослед според презимињата на авторите. Првиот ред на секоја библиографска единица се порамнува одлево, а другите редови се порамнуваат со табулатор 1.27 см.

Примери за наведување различни видови библиографски единици:

Книга
Calfee, R. C., & Valencia, R. R. (1991). APA guide to preparing manuscripts for journal
publication. Washington, DC: American Psychological Association.

Поглавје во книга
O'Neil, J. M., & Egan, J. (1992). Men's and women's gender role journeys: A metaphor for
healing, transition, and transformation. In B. R. Wainrib (Ed.) Gender issues across the life cycle (pp. 107-123). New York, NY: Springer.

Статија во списание
Harlow, H. F. (1983). Fundamentals for preparing psychology journal articles. Journal of
Comparative and Physiological Psychology, 55, 893-896.

Веб-документ
Spearing, M. (2004). Eating disorders: Facts about eating disorders and the search for
solutions. Retrieved May 18, 2004 from: http://www.nimh.nih.gov/publicat/eatingdisorders.cfm

За сите други примери треба да се користат правилата на Американската психолошка асоцијација објавени во Publication Manual of the American Psychological Association (6th ed.). (2010). Washington, DC: American Psychological Association.

Ако во трудот се наведува еден автор повеќепати, тогаш во списокот на литературата авторот се наведува според годината на објавување на библиографските единици. Доколку се наведуваат повеќе трудови од ист автор објавени во иста година, покрај годината се внесуваат букви за означување редослед: а, б, в, односно a, b, c. Како литература не е пожелно да се наведуваат необјавени трудови. Доколку е неопходно такво наведување, тогаш треба да се наведат колку што е можно попрецизни податоци.

Табелите и сликите (графикони, фотографии и цртежи) треба да бидат подготвени или префрлени во Word. Во основниот текст треба да биде означено само местото каде што треба да бидат вметнати табелите и сликите. Податоците во трудот треба да се соопштуваат табеларно или графички, но не и во двата формата истовремено. Податоците презентирани во табела или во слика не се повторуваат детално во текстот. Секоја табела се означува со број и со наслов, кои се пишуваат над табелата, порамнети одлево со табулатор од 1.27 см. Бројот и насловот, пак, на сликата се пишуваат под неа, порамнети одлево со табулатор од 1.27 см. Насловите на табелите и на сликите се пишуваат во форма на реченици. Табелите не треба да содржат вертикални линии. Редовите во табелата не треба да бидат одвоени со линии, освен заглавието на табелата кое треба да биде одвоено со линија од податоците. Хоризонтални линии може да се внесат и во самото заглавие, доколку тоа придонесува за прегледност на табелата. Податоците во табелите треба да бидат напишани со две децимални места порамнети со десен табулатор. За детални упатства за подготовка на табелите го препорачуваме прирачникот Nicol, A. A. M., & Pexman, P. M. (2010). Presenting your findings: A practical guide for creating tables (6th ed.). Washington, DC: American Psychological Association.

Како прилози на трудот се даваат само описи на материјали кои се неопходни за разбирање, процена или повторување на емпириското истражување презентирано во трудот. Фусноти и кратенки треба да се одбегнуваат. Прифатлива е примена само на исклучително вообичаени кратенки. Доколку во табелите и во сликите се наведени кратенки, тогаш тие треба да бидат објаснети во легенда под табелата, односно под сликата.

Со доставување на трудот авторите треба да достават и изјава, со која потврдуваат дека трудот е автентичен (дело на авторот/авторите) и дека не е публикуван на друго место.

Изворните и прегледните научни трудови што ги задоволуваат формалните барања пропишани со ова упатство подлежат на рецензирање. Рецензирањето се врши анонимно со т.н. двојно слепа постапка, при што ниту авторот знае кој го рецензира трудот ниту рецензентот знае кој е автор на трудот. За исходот на рецензирањето авторот на трудот писмено се известува најдоцна три месеци по неговото поднесување. Доколку рецензијата содржи препораки за измени или дополнувања на трудот, коригираната верзија на трудот подлежи на повторна рецензија. Труд што не е прифатен за објавување и по втората рецензија не може повторно да се поднесува.

Редоследот на објавувањето на позитивно рецензираните трудови го утврдува Редакцијата на списанието.

The journal Psychology: Science and Practice publishes research papers (reports from original empirical studies), review papers (systematic reviews, analyses, evaluations and interpretations of research results and theoretical insights from a specific field) and contributions (book reviews, critical analyses, brief reports from conferences and projects, commentaries and interviews). Papers that are not appropriately prepared, that have been published previously or are simultaneously submitted for publishing in another journal, will not be reviewed.

Papers should be written in Macedonian or in English and sent to the following e-mail address:
pssp@fzf.ukim.edu.mk.

Each submitted paper should be written in Word, in A4 page format, using Times New Roman font (12pt), with 1.5 line spacing and all margins set to 2.54 cm. The paper length should be maximum 30,000 characters or 16 pages, not including the abstract, reference list and appendices. Page numbers should be entered in the bottom right-hand corner.

The paper should have a concise and precise Title written on the first page in bold letters in the center between the left and right margin. The full name of the author (authors) and the institutional affiliation is written under the title. The author's last name or the last name of the first author, if the paper has several authors, is followed by a footnote containing a contact e-mail address.

The title of the paper is written again at the beginning of the second page, which should also contain an abstract of the paper consisting of 100 to 250 words, written in one justified paragraph. The heading Abstract is also written in bold letters in the center between the left and right margin. Up to five keywords should be listed below one blank line after the abstract.

The main text of the paper begins on the third page and it should be justified, with a left-indentation of 1.27 cm of the first line of each paragraph. Section headings are written in bold letters, in sentence case, in the center between the left and right margin. Subheadings are to be written in italic and in sentence case. The first subheading is written without an indent, while all other subheadings have a left-indentation of 1.27 cm (and are written in italic, in sentence case).

All original research papers must be structured according to the IMRAD format prescribed by the American Psychological Association (APA), which contains the following sections: Introduction, Method, Results and Discussion.

In-text citation of authors includes the last name of the author and the year of publication in brackets, for example, Spector (2010). When citing a work written by two authors, the last names of both authors should be written, for example, Storms and Grayson (1995). When citing a work written by three to five authors, at the first citation the last names of all authors should be included, and in subsequent citations only the name of the first author and the abbreviation “et al.” When citing a work by six or more authors, the name of the first author is written followed by the abbreviation “et al.”

Statistics in the main text should be expressed in the following way: χ²(4,N=166) = 1.21, p < .05; t(235) = 3.14, p < .05; F(1,83) = 11.20, p < .01; z = 2.72, p < .01; r = .33, p < .01.

After the main text, the sources used for preparation of the paper should be listed on a new page. The heading References is written in bold letters in the center between the left and right margin. The reference list includes only the sources that are cited in the paper, in an alphabetical order according to authors’ last names. The first line of each reference is aligned to the left, while all other lines have an indentation of 1.27 cm.

Examples of listing different types of bibliographic sources:

Book
Calfee, R. C., & Valencia, R. R. (1991). APA guide to preparing manuscripts for journal
publication. Washington, DC: American Psychological Association.

Chapter in a book
O'Neil, J. M., & Egan, J. (1992). Men's and women's gender role journeys: A metaphor for
healing, transition, and transformation. In B. R. Wainrib (Ed.) Gender issues across the life cycle (pp. 107-123). New York, NY: Springer.

Article in a journal
Harlow, H. F. (1983). Fundamentals for preparing psychology journal articles. Journal of
Comparative and Physiological Psychology, 55, 893-896.

Web document
Spearing, M. (2004). Eating disorders: Facts about eating disorders and the search for
solutions. Retrieved May 18, 2004 from: http://www.nimh.nih.gov/publicat/eatingdisorders.cfm

For all other examples, follow the rules published in the Publication Manual of the American Psychological Association (6th ed.). (2010). Washington, DC: American Psychological Association.

If one author is cited in the paper on several occasions, then in the reference list the author is cited according to the year of publication of the bibliographic sources. When citing several works by a same author published in one year, letters should be inserted after the year in order to indicate the sequence: a, b, c. It is not recommended to cite unpublished works in the reference list. If such a citation is necessary, then the data included should as precise as possible.

Tables and Figures (graphs, photographs and drawings) should be prepared or transferred to Word. The data in the paper should be presented either tabular or graphically, but not in both forms. Data presented in a table or in a figure should not be repeated in details in the text. Each table is identified by a number and a title that should be written in bold letters above the table, with a 1.27 cm left-indentation. The number and title of figures are written beneath them in bold letters with a 1.27 cm left-indentation. Titles of tables and figures are written in sentence case. Tables should not contain vertical lines. Table rows should not be separated by lines, except the heading from the data. Horizontal lines may be included in the heading, if that improves the clarity of the table. Table data should be written with two decimal places and aligned from the right. For detailed instructions on creating tables we recommend Nicol, A. A. M., & Pexman, P. M. (2010). Presenting your findings: A practical guide for creating tables (6th ed.). Washington, DC: American Psychological Association.

Appendices may only include descriptions of materials which are necessary for understanding, evaluation or repetition of the empirical study presented in the paper. Footnotes and Abbreviations should be avoided. Only standard abbreviations are accepted. If tables and figures include abbreviations they should be explained in a note below.

When submitting a paper authors should also include a statement confirming that the paper is an authentic work (by the author/authors) and that it has not been published previously.

Research and review papers that meet the formal requirements set out in this guide are subject to peer review. Reviewing is done anonymously in a double-blind procedure. Authors will be informed of the review outcome by e-mail at the latest three months after paper submission. If the reviewers suggest changes or additions to the paper, then the corrected version of the paper will also be reviewed. Papers that are not accepted for publication after the second review cannot be submitted again.

The editorial board of the journal determines the order of publication of all accepted papers.