Од Уредникот – Editorial
Почитувани читатели, Списанието „Психологија: наука и практика“ е меѓународно научно-стручно списание за сите гранки на психологијата, во кое се објавуваат изворни научни трудови (соопштенија од оригинални емпириски истражувања), прегледни научни трудови (систематски прегледи, анализи, процени или толкувања на истражувачки наоди и теоретски сознанија од одделна област) и различни видови стручни прилози (соопштенија од конференции, извештаи од реализирани проекти, пленарни предавања, прикази, коментари, критички анализи, осврти и интервјуа). Списанието го издава Институтот за психологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. “Psychology: Science and Practice” is a peer-reviewed international journal that publishes research papers (reports from original empirical studies), review papers (systematic reviews, analyses, evaluations and interpretations of research results and theoretical insights from a specific field) and contributions (book reviews, critical analyses, brief reports from conferences and projects, commentaries and interviews). The journal is published by the Institute of Psychology, Faculty of Philosophy at the Ss.Cyril and Methodius University in Skopje, Macedonia.