Годишен зборник на Филозофскиот факултет

item thumbnail

Упатство за доставување на труд

Submission guidelines



Инструкции за авторите:
За авторите кои се од македонско говорно подрачје резимето и трудот треба да бидат доставени на македонски јазик и на англиски јазик. Авторите од други говорни подрачја трудовите треба да ги достават на англиски јазик.

Трудовите треба да се изработени во формат А4. Целиот труд треба да биде напишан до 16 страници односно до 30.000 карактери. Секој приложен труд треба да биде напишан во Word, со фонт Times New Roman (12 точки), со македонска поддршка, со проред 1.5 ред. Текстот треба да биде приложен задолжително во печатена форма до секретарот Елена Чекова и во електронска форма на следната адреса elena.chekova@fzf.ukim.edu.mk

Цитирањето и наведувањето на библиографските единици треба да биде во согласност со академскиот стандард Харвард. Подетални информации за овој стандард авторите можат да најдат на следната интернет страница: (http://www.citethisforme.com/harvard-referencing).

На почетокот на текстот, во двете верзии – македонската и англиската , веднаш под насловот, треба да стои кратка содржина (од 150 до 200 збора), а под неа клучните зборови.

Библиографските единици во азбучен, односно абецеден ред доаѓаат на крајот од текстот.

Редакцискиот одбор го задржува правото да не ги објавува текстовите кои не се придржуваат до горенаведените стандарди. Трудовите што не се соодветно подготвени и што се претходно објавени или истовремено пријавени за објавување во друго списание нема да бидат разгледувани и рецензирани.

Изворните и прегледните научни трудови што ги задоволуваат формалните барања пропишани со ова упатство подлежат на рецензирање. Рецензирањето се врши анонимно со т.н. двојно слепа постапка.

Со доставување на трудот авторите треба да достават и изјава, со која потврдуваат дека трудот е автентичен (дело на авторот/авторите) и дека не е публикуван на друго место.

Текстовите треба да се достават најдоцна до 15.06.2023година, за да бидат земени во предвид за објавување во тековната година.

Изјава за авторите.



General conditions:
Macedonian speaking authors should send their papers in English and Macedonian language. Other authors should send their papers in English language only to the following e- mail address: elena.chekova@fzf.ukim.edu.mk as well and in paper form given to the secretary.

Each submitted paper should be written in Word, in A4 page format, using Times New Roman font (12pt), with 1.5 line spacing . The paper length should be maximum 30,000 characters or 16 pages, not including the abstract, reference list and appendices. Page numbers should be entered in the bottom right-hand corner.

The Harvard standard should be use for in text citation and bibliography. More details can be found here .The bibliographic sources should be listed in alphabetical order at the end of the article.

At the beginning of the article, in both versions (Macedonian and English languages) there should be an abstract of the paper consisting of 100 to 250 words, written in one justified paragraph.

The heading Abstract should be written in bold letters in the center between the left and right margin with keywords listed below.

The editorial board cannot publish the texts that do not adhere to these standards (The papers are not ready and that have been previously published or that have been previously published or for publication in another to be reviewed and reviewed) Research and review papers that meet the formal requirements set out in this guide are subject to peer review. Reviewing is done anonymously in a double-blind procedure. Authors will be informed of the review outcome by e-mail at the latest three months after paper submission. If the reviewers suggest changes or additions to the paper, then the corrected version of the paper will also be reviewed. Papers that are not accepted for publication after the second review cannot be submitted again.

With the submission, the authors should also submit a statement that the paper is authentic (the work of the author/authors) and that it has not been published elsewhere. The order of publication of the positively reviewed papers is determined by the Editorial Board of the magazine.

Texts should be submitted by June 15. 2023, to be considered for publication in the current year.