VOX

item thumbnail

За списанието

About

Списанието „VOX“ е списание на студентите од Институтот за семејни студии. Идејата за еден ваков проект потекнува од потребата студентите преку свое списание да ја објават својата истражувачката дејност преточена во сопствени четива, како и заклучоци од спроведени истражувања кои опфаќаат различни домени од студиската програма на Институтот. Списанието им дава можност на студентите да ја истакнат важноста на семејството, неговата улога и функција кои неминовно се поврзуваат со општественото дејствување на секоја индивидуа.

Списанието излегува еднаш годишно. Главни уредници и автори на списанието се студенти од Институтот за семејни студии. Првиот број излезе во 2019 година, во уредништво на тогашните студенти Сања Мишeвска и Александра Мишоска.

Списанието се издава со поддршка на професорите од Институтот за семејни студии.