Списанието Религиски дијалог и соработка кое го издава Центарот за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, е замислено како меѓународно научно списание за сите области на религијата. Списанието објавува оригинални научни трудови (податоци од оригинални емпириски истражувања на религијата) и прегледни научни трудови (систематски прегледи, анализи, процеси, толкувања на резултатите од истражувањата и теоретски сознанија од одредени области на религијата).
Идејата за етаблирање на ваков тип на Списание во меѓународната научна сфера, произлезе после Првата Европска Конференија за Религиски Дијалог и Соработка, која се одржа во Струга во 2019 година. Тргнувајќи од фактот дека ваквата грандиозна Европска Конференција ќе се одржува секоја втора година во Р. Северна Македонија, се наметна потребата од формирање на еминентно меѓународно научно списание, во кое ќе се објавуваат трудовите презентирани на Европските Конферении за Религиски Дијалог и Соработка. Се разбира добродојдени се и трудови кои се независни од овие Конференции. Во часописот се објавуваат трудови од областите на Социологијата на религијата, Историјата на религијата, Филозофија на религијата, Психологијата на религијата, Антропологија на религијата и Теологијата. Преку објавувањето на своите трудови, часописот се обидува да ја апсорбира Европската научно истражувачка мисла, која се занимава со религијата како многу значаен и актуелен феномен во глобалното општество. Со цел да се компарира религиската ситуација во Европа со останатите делови во светот, во часописот се објавуваат и трудови и од другите континенти во светот.
За да се добие на квалитет, трудовите ги рецензираат членовите на Меѓународниот уредувачки одбор кој има репрезенти од петнаесет држави, од кои тринаесет се од Европа. Сите тие се европски и светски брендови во своите научни области. Сите трудови кои успешно ќе ја поминат рецензентската процедура, се објавуваат во часописот. Не се наплаќа котизација од овторите кои аплицираат за објавување на своите научни и прегледни научни трудови. Часописот излегува еднаш годишно. Првиот број излезе во 2020 година.
<Списанието има мисија да одговори на следните прашања и дилеми, во однос на религиската ситуација во Европа: дали религијата има позитивна или негативна улога во Европа?; дали секуларизацијата во Европа е мит или стварност?; дали се одвива процес на десекуларизација, па можеби и сакрализација на Европското современо општество?; дали религиските организации во Европа се повеќе се профанираат во своето дејствување?; дали во Европа се одвива процесот на етно-религиска мобилизација?; зошто религискиот фундаментализам го отфрла практичното имплементирање на принципите на секуларизација и религиска толеранција?; дали и во која мера во Европа се одвива процес на религиски универзализам преку идеите на екуменизмот и нео-екуменизмот?; која е улогата на религиската толеранција како принцип помеѓу религискиот партикуларизам и религискиот универзализам во Европа?; во колкава мера религиските организации практично ги имплементираат принципите на религиска толеранција во Европа?
Како директор на Центарот за Интеркултурни Студии и Истражувања и претседател на Меѓународниот Програмскиот Одбор Ве повикувам сите заедно да ги обединиме нашите резултати и анализи од научните истражувања, се со цел да се обидеме да одговориме на горенаведените, и на безброј други прашања и дилеми.
|
The Journal Religious Dialogue and Cooperation is published by the Centре for Intercultural Studies and Research at the Faculty of Philosophy at the Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, which is conceived as an international scientific journal for all areas of religion. The journal publishes original scientific papers (statements from original empirical research on religion) and reviewed scientific papers (systematic reviews, analyses, processes, and interpretations of research findings and theoretical knowledge from a particular area of religion).
To gain quality, the papers are reviewed by members of the International Editorial Board, which has representatives from fifteen countries, thirteen of which are from Europe. They are all European and world brands in their scientific fields. All papers that will successfully pass the review procedure are published in the Journal. There is no registration fee for authors who apply for the publication of their scientific and peer-reviewed scientific papers. The Journal is published once a year. The first issue came out in 2020.
The Journal has a mission to answer the following central questions and dilemmas regarding the religious situation in Europe: does religion have a positive or negative role in Europe ?; is secularization in Europe a myth or a reality ?; is there a process of desecularization, and perhaps sacralization of modern European society ?; are religious organizations in Europe increasingly profane in their activities ?; is the process of ethno-religious mobilization taking place in Europe ?; why does religious fundamentalism reject the practical implementation of the principles of secularization and religious tolerance ?; does and to what extent in Europe a process of religious universalism takes place through the ideas of ecumenism and neo-ecumenism ?; what is the role of religious tolerance as a principle between religious particularism and religious universalism in Europe ?; to what extent do religious organizations practically implement the principles of religious tolerance in Europe?
As Director of the Centre for Intercultural Studies and Research and Editor in chief of the Journal, I invite you all to bring together our results and analysis of scientific research in order to try to answer the above, and countless other questions and dilemmas.
|